Месечината потекнува од Земјата


Двајца научници од Харвард во новата студија сугерираат дека Месечината некогаш била дел од Земјата, која од неа се одвоила по гигантскиот судар со друго небесно тело.

Во студијата објавена во спсианието „Science“, Сара Стјуарт и Матја Чук, велат дека нивната теорија објаснува зошто Земјата и Месецот имаат сличен состав. Земјината ротација била многу брза и времето на ноќта и денот, траел само два до три часа, се наведува во студијата.

Со толкава брзина и вртење, голем и силен удар можел да лансира доволно Земјин материјал, за да се формира Месечината, велат двајцата научници.

По новата теорија, Земјата подоцна ја постигнала сегашната брзина на ротација благодарение на гравитациската интеракција меѓу нејзината орбита околу Сонцето и Месечевата орбита околу Земјата.

Нивната теорија е излезена од постоечката водечка теорија, која вели дека Месечината настанала од материјал на гигантско тело кое што удрило во Земјата.
Стјуарт е професорка за планетарна наука на Харвард, а Чук е астроном од Институтот SETI, непрофитабилна организација за водење на истражувачки и образовни проекти, кои се однесуваат на екстратерестријалниот живот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1