Моторџии во Бугарија прават ,,бајкерско,, село – масовно се населуваат во Биково


Групи на бугарски моторџии одлучиле да населат во полупразното село со симболично име Биково ,,бајк – мотор,, . Поради името, ниската цена на имотот и земјата, а и фактот дека е полунаселено бајкерите од Бугарија решиле да си формираат свое бајкерско село каде сите ќе се на купче.

 

Селаните се воодушевени што конечно ќе добијат подмладување на регионот. Селото Биково во Јужна Бугарија во близина на Сливен, очигледно е првилечно не само поради името, туку и поради благата клима и евтините недвижнини.
Моторџиите купуваат недвижнини по цена од 500, па се до 2500 евра, во селото во кое 90 од 220 куќи се празни.
Началникот на месната заедница, заедно со останатите соселани, не се плашеле од моторџиите. На селаните дури им е драго што ќе добијат нови соседи и дури и нудат помош при вселувањето. Првите моторџии во Биково се вселиле во 2006 година, а веќе две години во ова село се одржуваат собиранки.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1