Црна вдовица: Ги убила петте мажи – татковци на нејзините пет деца!


Триесетгодишна Африканка својот последен маж го удрила со тап предмет, а потоа со коноп го обесила на таванот, на начин да изгледа дека извршил самоубиство.

Во Енердељ во Јужна Африка, жената била предадена на полицијата, откако и нејзиниот последен маж, таткото на најмладото дете бил пронајден мртов.
Триесет годишната Африканка која е мајка на двегодишно, петгодишно, деветгодишно, 14 годишно и 18 годишни дете, ги убила сите претходни нејзини сопрузи и татковци на нејзините деца.

Но, сепак тамошните судови за секој од нив утврдил дека се работи за самоубиство. Сепак во последниот Африканката не успеала да ги измами тамошните полициски службеници. Сега се отворила нова истрага поради тоа што постои основано сомнение дека сите пет мажи биле свирепо убиени.

Мајката на обвинетата, тврди дека нејзината ќерка е целосно невина. „Мојата ќерка не ги убила“, пренела мајката на тамошните медиуми.

Како што сведочат соседи, брачната двојка започнала со расправии во јуни. Мажот и се заканувал дека ќе ја остави затоа што имала премногу љубовници и дека ќе се врати на неговата поранешна жена со која имал две деца.
„Знаев дека таа не е добра за мојот син. Го предупредував цело време“, изјавила мајката на последната жртва.

Полицијата бара сведоци, а повторно ги разгледува и сите околности под кои починале 5 мажи, жената се соочува со можност да заработи сериозно обвинение за убиството на најмалку еден од своите мажи за кои има докази, но и да одговара из а убиство на останатите 4.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1