Бојана Стаменов: Во авион резервирам две седишта!


Бојана Стаменов, претставничката на Србија на Евровизија уште еднаш покажала дека умее да се пошегува на сопствена сметка и во емисијата „Ами-џи шоу“ раскажала дека во авионот за Виена побарала да и обезбедат две седишта.

BojanaStamenov1-650x433

-Пред тргнувањето за Евровизија ги условив дека мораат да ми резервираат две седишта за да ми биде комотно. Навистина тоа ми беше потребно за да се чувствувам убаво и да можам нормално да седнам. Секако дека тоа ми го овозможија, открила Бојана.

Пејачката искрено зборувала за својата тежина и на кој начин се ограничува, признала дека поради вишокот на килограми тешко свири гитара. Бојана рекла дека и нејзиниот живот ќе се промени ако ослабне, па можеби ќе застане и пред олтар.

-Што ви е на вас новинарите, само сакате да ме омажите. Сега е време да пеам малку. Меѓу останатото, морам прво да ослабам, па после да најдам момче и да се омажам, рекла Бојана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1