ВИДЕО Ново лудило на интернет: Деца повикуваат демон и го прашуваат за совет!


Благодарение на социјалните мрежи, конкретно во овој случај на Твитер, илјадници млади луѓе од целиот свет учествуваат во најновата игра во која целта е да се повикува мексиканскиот демон по име Чарли.

Кој е, всушност, Чарли и како тој мит настанал не е познато, бидејќи Мексиканците истакнуваат дека за него никогаш не слушнале, но младите во овој момент го испрашуваат се и сешто, од тоа каква среќа ќе имаат во љубовта до тоа кога ќе умрат.

olovke_f

За повикување на Чарли тие користат два моливи и парче хартија, а правилата наложуваат „демонот“ да се праша дали играта може да почне, односно дали смее да заврши, за вратата на пеколот да не остане отворена.

Секако, целата игра очигледно е шега инспирирана од хорор филмовите и митовите како што е оној за Крвавата Мери, меѓутоа, и покрај тоа што Чарли веројатно е реален колку и еднорогот кој ќе ви ги каже точните резултати на 18 двојки на обложувалницата, се советува да не учествувате во играта бидејќи не е потполно безопасно.

Имено, како што зборуваат и видео снимките, доволно е само малку ветар за да настане општа паника која може да заврши со посета на лекар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1