Хорор во Атина: Овој татко ја убил својата 4 годишна ќерка и ја распарчил за органи


Малечката Ани Борисова била пријавена за исчезната на 21 април, по што започнало да се трага по неа.

Грчката полиција на почетокот на мај нејзиниот татко Станислав Бакардиев бил уапсен и обвинет за убиство на детето .

Денеска е обелоденето дека грчката полиција добила писмо во кое имало детали за вклученост на Станислав Бакардиев и Димитрина Борисова, мајката на убиеното двеојче, во потенцијален план за трговија со органи.

greece

Грчката полиција наводно побарала екстрадиција на Германец поврзан со смртта на детето.

Регионалниот шеф на полицијата Христос Папазафири претходно изјавил дека остатоците од телото на детето биле расфрлани во контејнери на различни страни на Атина „на начин на кој е невозможно да се открие дека станува збор за делови од тело“.

Бакардиев негирал дека ја убил својата ќерка и изјавил дека ја нашол мртва во нејзиниот кревет, а потоа решил да се ослободи од нејзиното тело за да не се загрижува мајка и!

Полицијата верува дека е можно мајката да не знаела што направил нејзиниот партнер. Но и таа е уапсена откако полицијата открила траги од крвта на детето во нивниот стан во Атина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1