Бојкот на играчите: Металург не отпатува во Загреб, натпреварот од СЕХА откажан


Поради бојкот на играчите, македонските ракометен шампион Металург утрово не отпатува во Загреб каде против хрватскиот шампион требаше да го игра дуелот од 6.коло од регионалната СЕХА лига, објавија дел од македонските медиуми.metalurg_rakometari1

Ваквата информација е потврдена и преку Твитер профилот на РК Загреб, а доаѓа по синоќешните превирања во тимот од Автокоманда и неизвесноста дали ќе се оди на гостувањето кај Загреб. Играчите незадоволни од неисплатените долгови кон нив одбија да тренираат.

Ракометарите на Металург најавија дека денеска ќе излезат со заеднички став околу причините за штрајкот, проблемите, ветените а неисплатени плати.

Раководството се уште нема соопштено официјален став за новонастаната ситуација во клубот и евентуални следни чекори кои ќе бидат преземени за разрешување на проблемите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1