Боки 13 обилно повраќаше во тоалетот, неконтактибилен, изјави неговиот адвокат


Бојан Јовановски не ја даде својата одбрана. По 15 мин откако влегол кај oбвинителката Русковска, Боки 13 почнал да повраќа а кратко потоа изгубил и свест, вели неговиот адвокат.

Адвокатот на осомничениот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, рече дека состојбата со неговиот клиент е алармантна и дека итно е пренесен во болница.

Дуковски кажа дека го затекнал Јовановски како повраќа во тоалетот и бил неконтактибилен, а исказот кај обвинителката воопшто не почнал.

Заради ова беше повикана итната помош која на носилки го изнесе од обвинителството за понатамошна хоспитализација

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1