Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5.
Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.
Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски.
Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето.