Боки 13 поднесе кривични против функционери и бизнисмени, имал докази за криминал


Осудениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски поднесе кривични пријави против функционери и бизнисмени. Ова е причината поради која Јовановски, наместо во Шутка, денот го помина во обвинителството. Средбата со јавен обвинител следи по тврдењата на Јовановски дека има докази за тоа кои функцинери какво кривично дело сториле.

Адвокатот Сашо Дуковски, вели дека со поднесувањето на овие кривични пријави, Јовановски не може да си обезбеди поволности ниту за пресудата за „Рекет“, ниту за случајот Меѓународен сојуз, во кој тој е обвинет.

Јовановски кој доби 9 години затвор за случајот „Рекет“, за време на изрекување на пресудата ги посочи поранешниот Зоран Заев и неговит брат, лица кај кои завршиле парите од рекетот.

Следната среда Јовановски повторно треба да седне на обвинителна клупа, но овој пат за случајот Меѓународен сојуз, во кој тој е обвинет за перење пари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1