Боки 13: Сакам да посвојам 3 деца, ќе поднесам барање


Боки 13 изјави дека сака да посвои три деца.

Боки 13 најави дека во понеделник ќе поднесе барање до надлежното министерство за труд и социјална политика. Нагласи дека очекува позитивен одговор.

Донесов одлука, како самец, човек кој што не е во никаков брачен или партнерски однос да посвојам три деца кои што ќе бидат од различна вероисповест, христијанска и муслиманска, а третото дете сум сложен да биде со мали или умерени потешкотии во психофизичкиот развој односно дете со специјални потреби, рече претседателот на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски на денешната конститутивна седница на Сојузот, објави А1 он.

Јовановски исто така најави дека како претседател на Меѓународниот сојуз ќе поднесе лична иницијатива за промена на Законот за посвојување на деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1