Сестрите Драгица и Мирјана Босиљаковиќ, кои изгореа во пожар во нивната куќа во селото Мосна кај Долни Милановац денеска во 14:30 се погребани на селските гробишта.
Како што пренесува српски Блиц до нивното вечно почивалиште ги испратиле нивните најблиски. Девојчињата на возраст од две и три години се погребани во ист ковчег со бела боја.
– Деца мои мили, овде треба да биде баба а вие да бидете дома. Најмили мои зошто јас ве испраќам вас тука, болно извикувала нивната баба Крина Босиљаковиќ.
Нивниот татко Живоин, нем од болка и тага се опрости од своите ќерки без нивната мајка, која се породи вчера, само еден ден по трагедијата во која ги изгуби двете ќерки.
Драгица и Мирјана настрадаа во понеделникот во пожар кој ја зафати нивната куќа.