Болна исповед на војници: Мажите не можат да бидат „силувани“!


Кога маж ќе се приклучи во војската има 10 пати поголеми шанси дека ќе биде силуван, а само во 2012-та година биле регистрирани 14.200 илјади пријави на силувани мажи и момчиња.

Иако бројот на жртви од секуално малтретирање е поголем кај женската популација, сепак жртви на силување се и мажите а ваквиот факт е се уште огромен проблем во американските вооружени сили. За магазинот “GQ” неколку војници си ја отвориле душата и раскажале за своите болни искуства, пренесува tocka.mk.depresija

За жал, мажите и момчињата ретко ги пријавуваат ваквите инциденти и ги сокриваат монструмите кои најчесто се на моќни позиции, при тоа дозволувајќи и на болката да тлее и да се одрази врз секојдневните односи со други луѓе.

Сине, мажите не можат да бидат “силувани”

-Кога твојот артилериски наредник ќе ти каже да се соблечеш, најдобро е да го послушаш. Не поставувај прашања, изјавил поранешниот маринец Сем Мадрид (чие вистинско име се крие поради безбедносни причини).

Кога Кол Велш бил нападнат за време на своето служење војска во 2007-ма година, одлучил да не го пријави нападот за да не ги уништи своите цели во војската.

-Јас всушност допуштив да се случи нападот бидејќи не сакав да ја изгубам својата кариера. Сакав да станам офицер и само си кажав “Ок, лошо искуство, нема да се повтори”. Меѓутоа, остана штетата. Месец и половина подоцна ме донесоа во собата во која имаше околу 9 офицера и ми кажаа “Тестот покажа дека си ХИВ позитивен”. Ме отстранија од војската за еден ден. Тоа беше огромен шок, открива Велш за GQ.

А кога силуваните момчиња и мажи не се потиснуваат да зборуваат за искуството сами, тоа војската го прави наместо нив на тој начин што ги дијагностицира со лажни “пореметувања на личноста” и ги отпушта од служба, додека нивните силувачи остануваат. Оние кои одат на терапија не добиваат никаква значителна помош бидејќи таквите лечења се осмислени само за жени.

-Кога излегов од служба се обидов да добијам помош со терапија, но тоа стана голем проблем бидејќи цело време ме примаше на преглед различен практикант и секогаш од ново морав да ја раскажувам приказната. Тоа стана премачно, објаснува ветеранот Тед Скоранек.

-Еден од лекарите ми кажа: “Сине, мажите не можат да бидат силувани”, открива поранешниот морнар Тери Нил.

Голем проблем претставува и правосудниот систем во војската кој осудува само седум проценти од силувачите, поради што 81% од жртвите воопшто не го но пријавуваат силувањето.

-Понекогаш сексуалните шеги ме излудуваат. Ми доаѓа да: “Слушај ти, перверзно к*пиле…” но се воздржувам. Кога некои работи ќе ме изнервираат им се дерам на луѓето извикувајќи ги имињата на оние кои ме силуваа, а тие ме гледаат како да сум луд, открил Хит Филипс кој служел војска од 1988-ма до 1989-та година.

Сенаторката од Њујорк, Кристин Гилибренд се борела да го промени овој систем но не успеала.

-Како маж, не можам да функционирам како претходно. Се чувствувам оштетено. На се се сеќавам. Не можам да го извадам од глава ужасниот звук на “шлапкање” за време на силувањето. Се обидувам да водам љубов со мојата сопруга, но едноставно не можам. Имам трауми, изјавил Стив Стоуви.

Во меѓувреме, жртвите на силување се оставени да страдаат во тишина.

-Се плашам од мажите. Јас сум геј и сосема сум ужаснат од нив. Не можам ниту да имам ерекција, а особено кога сум трезен. Се изолирам. Не одам ниту на кино, ниту на концерт. Имам страшни кошмари. Минатиот Божиќ отидов на вечера со пријатели и во еден момент толку многу се испаничив што морав да го напуштам ресторанот. Се тресев. Никогаш на никој му немав зборувано за ова се до минатиот јули. Дали знаете како е да се живее со тоа цели 30 години?, изјавил поранешниот војник Гери Џоунс (името е променето).

-Тој беше висок помошник – имаше директен пат до врвот. Кога ме повика во својата куќа јас едноставно прифатив. Сега кога ќе се сетам, се прашувам зошто не направив ништо. Не ме врза ниту ме држеше. Но се чувствував како да немам друг избор. Тогаш само што наполнив 19 години. Тоа беше мојата кариера. Се заледив и се препуштив, го опишал Трент Смит своето болно искуство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1