Медицинската сестра која изврши самоубиство откако наседна на повикот на австралиските водители кои се преправаа дека се кралицата и принцот Чарлс, два пати до сега имала обиди за самоубиство, а пиела и антидепресиви.
Во декември минатата година, се обидела да се убие додека била дома во родната Индија. Преживеала откако била префрлена во болница, но по девет дена повторно се обидела да си го одземе животот – скокнала од зграда. Минала неколку денови во болница, а по овие случки лекарите и препишале силни антидепресиви, што морала да ги пие девет месеци.
По самобиството на Џакинта Салдана, водителите беа суспендирани од работа, а јавноста строго ги осуди.