Владата го изгласа буџетот – опозицијата ќе спие пред собранието


Владата на Република Македонија, вечерва согласно закон и процедура го разгледа и усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2013 година и го достави истиот до Собранието на усвојување.

2FEDA1546DE51C49AB2D1233239D42A5На седницата на Владата поминаа 44 амандмани кои беа прифатливи за министерот Зоран Ставрески. Со овие амандмани се кратат околу 3 милиони евра од буџетот, а опозицискиот СДСМ бараше заштеди од 204 милиони евра.

– Владата работи и се однесува конструктивно и одговорно, согласно законите и во интерес на граѓаните и нивните права, интереси и потреби, стои во соопштението од Владата.

Лидерите на опозициската коалиција со голем број на приврзаници се пред Собранието, а опозициските пратеници се во Собранието и велат дека ќе останат таму за да спречат пуч во Собранието, по најавата на владини претставници дека буџетот ќе се донесе во предвидениот законски рок.

A29516E6E52CE14C94EB58A5A3E96432Пред Собранието се пее химната, а тука се лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Стојанче Ангелов, Фиат Цановски, Зоран Заев, Стефче Јакимовски… Сите тие велат дека се тука за да го спречат неуставниот обид на власта утре да одржи пленарна седница на Собранието и да го донесе буџетот за 2013 година.

Извор – Утрински весник

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1