Jacintha Saldanha, беше една од најдобрите медицински сестри кои ги имавме, омилена меѓу колегите, во шок сме, од нас ја доби целосната поддршка за ,,зафрканцијата,, на која наседна, никој не претпостави дека ова може да се случи,, изјавиле колегите на медицинската сестра која утринава беше пронајдена мртва во уличка во близина на болницата.
Таа е сестрата која беше задолжена за војвотката од Кембриџ Кејт Миделтон, сопругата на принцот Вилијам. Оваа медицинска сестра беше жртва на телефонското ,,зафркавање,, од австралиските радио водители.
Медицинската сестра која повеќе од 4 години работела во болницата зад себе остави сопруг и две дечиња.
Полицијата се уште го истражува случајот иако првичните информации велат дека си го одзела животот.
Таа била пронајдена утрово во уличка во близина на болницата во бесвесна состојба, кога пристигнала брзата помош само констатирале смрт.
Се самоуби болничарката на принцезата Кејт – која наседна на телефонското јавување од новинари
Принцот Вилијам и Кејт во соопштение велат ,,длабоко жалиме за смртта на медицинската сестра и многу сме благодарни за негата која таа и ја пружи на Кејт,,
Од друга страна ,,пекол,. Им се случува на австралиските водители кои го изведоа телефонското зафркавање. Илјадници закани, пцовки добија на нивните твитер профили, кои подоцна обаjцата ги избришале.
ВИДЕО: Водителка во живо се јавила во болницата каде е Кејт – се преправала дека е кралицата
,,имате крв на вашите раце безобразници,,
,, ете ви ја сега вашата рекордна слушаност, засрамете се,,
,, ако имате доблест во моментов ги пишувате вашите оставки,,
,, да даде бог истото да ве снајде ѕверови,,
,, вредеше ли вашата шега живот, сега јас на вашите мајки ќе им се јавам да се пошегувам може,,
,, срамно – па уште се фалите колку добро сте ја зафркнале,,
Ова се само дел од коментарите оставени на нивните профили.
Мета на напад е и фејсбук страницата на радиостаницата, а британската јавност се погласно повикува на ригорозен закон за нарушување на приватноста, кој по овој случај повеќе од јасно е дека и е потребен на Британија.
Болницата King Edward VII денеска се обрати на јавноста.
,, во длабока тага сме поради смртта на член на нашиот персонал, потврдуваме дека порнајдената мртва жена е Jacintha Saldanha, вработена кај нас како медицинска сестра. Таа беше жртва на измама и ја доби целосната поддршка од болницата во врска со тоа,,
Еве ја нивната изјава.