Парови без деца умираат порано – посвојувањето го продолжувало животот


Голем дел од брачните двојки на моменти велат дека нивните бесни деца ќе ги умрат поради грижите, стресот и уморот. Но, последните истражувања го покажуваат сосема спротивното. Двојките без деца самите си го зголемуваат ризикот да умрат предвреме (осбено важи за жените).

Доколку се утврди дека брачната двојка не би можела да има деца, во тој случај и посвојувањето би можело да го намали ризикот од прерана смрт. Во студијата која ја направиле дански научници, има објаснето дека двојките кои што се одлучиле за семејство без деца, како резултат на тоа, имаат поголеми шанси да имаат пократки животи.

Меѓу големиот број на можни причини за прераната смрт се земени во предвид, ризичното однесување, како што се, големото пијанство и земање на лекови против депресија и физички болести против неплодноста.
Професорот Есбен Агербо од Архус Универзитетот, во студијата вели дека податоците ги добиле од како што вели „природен експеримент“, бидејќи ги анализирале податоците од родителите кои сакале да имаат деца и активно се обидувале да го сторат тоа со помош на ИВФ третманот.

Соодносот е ист и кога станува збор за менталното здравје. Студијата покажала дека двојките кои имаат посвоени деца, имаат двојно поголеми ментални пробеми од биолошките родители, но дополнуваат дека ова не мора да биде вистински наод.

Во периодот помеѓу 1994 и 2005 година, за ИВФ третманот биле регистрирани 21,276 двојки кои немале деца, додека 15,210 двојки биле регистрирани со деца. Претходните истражувања укажуваат дека данските жени без деца имаат поголем ризик од нарушување на менталното здравје, доколку не успеат да имаат бебе. Тие бараат помош и се очајни да создадат семејство. Бројките од студијата направена од данските истражувачи покажуваат дека 1/5 од нив страдаат од психијатриски нарушувања, за разлика од жените кои успеваат да создадат семејство.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1