Се самоуби болничарката на принцезата Кејт – која наседна на телефонското јавување од новинари


Jacintha Saldanha, медицинската сестра задолжена за војвотката од Кембриџ Кејт Миделтон, сопругата на принцот Вилијам, е пронајдена мртва во близина на болницата, полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство.

Сестрата работела во болницата King Edward VII, каде што беше хоспитализирана бремената Кејт, цели 4 години.

Оваа медицинска сестра беше жртва на телефонското ,,зафркавање,, од австралиските радио водители.

Наседна на повикот и на водителите во живо им даде детали за состојбата на Кејт. Се претпоставува дека токму тоа е причината што си го одзела животот.

Портпаролот на Скотланд Јард изјавил дека полицијата била повикана околу 9 часот. Сестрата била пронајдена на уллицата Weymouth во непосредна близина на болницата.  Била мртва кога пристигнало амбулантното возило.

Болницата King Edward VII во соопштение вели

,, во длабока тага сме поради смртта на член на нашиот персонал, потврдуваме дека порнајдената мртва жена е Jacintha Saldanha, вработена кај нас како медицинска сестра. Таа беше жртва на измама и ја доби целосната поддршка од болницата во врска со тоа,,

Болничарката на Кејт остави зад себе 2 дечиња – водителите распнати на Твитер (Видео/Фото)

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1