1 екипа, 1 цел, 1 емисија… СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЕКСТРА ЕКСКЛУЗИВ!!


Екстра Ексклузивците денеска и официјално го заокружуваат првиот дел од нивната роденденска кампања. Нека им е среќен роденденот, да им се множат емисиите и многууу ексклузивки им посакува тимот на Мknews.MK.Еве како ќе го прослават роденденот – Изминативе две недели новинари, пејачи, актери и останати личности од јавната сфера зборуваа за значењето и асоцијацијата на бројот 1 во нивните животи, а тоа се заокружува токму денеска кога се откри по кој повод беше спроведена целата таа кампања.

– Од денес па се до 14 декември го почнуваме и вториот, последен дел од целата наша кампања поврзана со роденденот, а и не случајно го избравме 7.12, бидејќи ова е ПРВИОТ петок во месец декември. Изминативе две недели сè се вртеше околу бројот еден. Добивме интересни одговори од јавните личности, но и ние подготвивме една компилација на настани и случки поврзани со бројот еден, како на пример кога биле донесени ПРВИТЕ автомобили во Македонија, кој е ПРВИОТ македонски филм, ПРВИОТ македонски стрип и сл. Со тоа сакаме да докажеме дека понекогаш погрешно е бројот 1 да се поврзува само со врвот, бројот 1 некогаш значи и почеток кој испишува некоја нова страница и остава добри спомени. Но, сега е време за нешто друго, изјавуваат од тимот и додаваат:

– Од понелник треба да докажеме зошто сме 1(една) екипа, 1 (една) цел, 1 (една) емисија.

Роденденските емисии ќе бидат поделени во три дела.

Првиот дел насловен „1 екипа“ ќе се емитува во четврток на 13.12. За овој ден најавен е интересен видео материјал кој е поврзан со екипата која стои позади проектот.

Вториот дел или „1 цел“ ќе се емитува на денот на роденденот, на 14 декември. Токму тогаш, на кратко, ќе бидат презентирани сите досегашни успеси на емисијата, интевјуа, настани и ексклузивни промоции кои се случувале во „Екстра Ексклузив“ изминативе 12 месеци.

Третиот дел или „1 емисија“ ќе се емитува во понеделник на 17.12. Таа емисија ќе биде посветена на роденската забава. Интересен спој на приказни кои сите гости и соработници ги имаат со Екстра Ексклузив.

– Од понеделник се посветуваме и на подготовка на нашата роденска торта. За прв пат кај нас, ние сами ќе си ја подготвуваме и тоа неколку денови. За сега толку. Некое работи нека останат изненадување за последната и главна роденденска недела, додаваат од тимот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1