Според пишувањата на Daily Mail, Jacintha Saldanha оставила три проштални пораки. Една за сопругот и по една за двете деца. Содржината на пораките сега протече во јавноста.
Во првото писмо таа напишала дека колегите кои и биле надредени ја малтретирале по инцидентот со телефонското јавување на австралиските новинари.
Медицинската сестра која прва одговори на повикот на водителите се самоуби со бесење само 2 дена откако го примила повикот, но сега според содржината на писмата излегува дека причина за самоубиството бил третманот од нејзините шефови.
Содржината на тоа писмо, како што пишува дејли мејл ги разбеснил сопругот и семејството на медицинската сестра, кои сега бараат да се спроведе истрага за да се утврди кој од колегите и како ја малтретирал Jacinthinа во болницата King Edward VII
Според пишувањата во второто и третото писмо, Jacintha објаснила колку и било тешко да се носи со случајот, посебно поради третманот од надредените, а и ги кажала своите желби во врска со погребот.