Болницата во Австралија била принудена да се извини откако по грешка испратила известувања за смртта на 200 од нејзините пациенти кои всушност се живи, пренесува Точка.ком.мк.
Болицата Austin во вториот најнаселен град во Австралија, Мелбурн, по грешка “си ги убила пациентите” откако по факс им испратила известувања за нивната смрт на нивните матични лекари.
Известувањата биле резултат на ненамерна промена на шаблон кој се користи за испраќање на известување до матичниот лекар на пациентот доколку тој почине, наведено е во соопштението.
“Ние длабоко се извинуваме за направената грешќа и ви благодариме на разбирањето”, изјавила операторката на болницата. “Грижата за пациентите не е занемарена”, додала.
Австарлиската медицинска асоцијација изјавила дека грешката е неприфатлива и потенцијално вознемирувачка за матичните лекари како и за семејствата.