Ја однела ќерката на игралиште – се боцнала на игла полна со крв и дрога


Мајка си го пуштила детето на игралиште, а кога се вратило дома се шокирала и загрижила.

spricevi i igliСе работи за мајка од Хрватска, Маја Белич, која во вторникот ја пуштила својата ќеркичка Лота на детско игралиште. Детенцето си играло во песок, и одеднаш вриснало. Се боцнало на искористена игла која била во песокот.

– Мојата ќерка седеше во песок и играше, а одеднаш врисна и почна да плаче. Кога ја кренав видов игла на нејзината нога, вели мајката.

Шокот за мајката и детето тукушто започнал бидејќи целиот ден го поминале по болници. Иглата била од дрога, а на неа имало и засирена крв. Потресената мајка за Дневник.хр, раскажува дека цело семејство потресено ги чека резултатите од анализите на крвта на девојчето.

Се молат на господ девојчето да не добило некоја заразна болест.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1