Болницата „8 Септември“ бара итно вработување на медицински сестри за да можат да оперираат


Болницата побарала од Министерството за здравство согласност за вработување на најмалку 120 медицински сестри за анестезија и инструментарки.

Веќе шест месеци не работат четири операциони сали затоа што нема персонал. Всушност, во овој период имало само една функционална операциона сала.

Неодамна од „8 Септември“ распишале оглас за вработување на 60 медицински сестри, на кој се јавиле 193 кандидати, од кои 126 ги исполнувале критериумите за вработување.Вработувањето на медицински персонал не се реализирало поради административни пречки. Болницата бара финансиска согласност од Министерството за здравство за вработување на потребниот персонал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1