Ова се најризични држави за живот – подложни на природни катастрофи


Во истражувањето се вклучени 173 земји, а колку е висок нивниот ризик, зависи од изложеноста на природните катастрофи, можноста да ги превенираат и да се справат со последиците. Универзитетот на Обединети народи во Бон направи Индекс на светски ризик .

Во 2010 година земјотрес со сила од 7 степени по Рихтер во кој загинаа околу 220.000 луѓе го уништи Хаити. 2011 Нов Зеланд беше погоден со силен земјотрес во кој починаа 187 луѓе. Колкав ќе биде обемот на катастрофите кои се предизвикани со земјотресот, ураганот, поплава или сушата, зависи и од општеството: Хаити се смета за „пропадната“ држава во којашто половина од населението живее во сиромаштија, додека Нов Зеланд е моќна демокартска земја.

Државата Вануату има најголем ризик со 36.31%, а зад неа е Тонга (28.62%) и Филипините (27.98%). Карибите, Средна Америка и јужните предели на африканските земји исто така припаѓаат на регионите со најголем ризик. На крајот на ранг листат е Катар со најмал ризик, од 1%.

Германија е со 3.27% на 146 место – и со тоа, во петтата, најмалку ризична класа. Хрватска се наоѓа на 123 место 4.35%, додека Србија се наоѓа на 66 место, а Босна и Херцеговина на 86 место. Помалку опасност од ризик има Словенија која се наоѓа на 132 место.

Позитивен пример е Холандија, иако делови од оваа земја е под нивото на морето, што води до голема загрозенот од природни катастрофи. Без заштитен насип целиот регион би бил потопен. Но, поради добрите општествени, економски и институционални услови, Холандија не припаѓа во екстремните земји со ризик, туку е на 51 место.

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1