Денеска околу 14 часот , стигнала дојава за наводна бомба од нерегистриран странски телефонски број од страна на
анонимен машки глас кој кажал „Бомба Аеродром Скопје, бомба Аеродром Охрид, алерт алерт“ по што се прекинала врската.
„Бомба аеродром Скопје, бомба аеродром Охрид, алерт, алерт“ – ова се зборовите кои попладнево околу 14:10 часот на службите на аеродромот „Александар Велики“ им ги соопштило непознато машко лице кое се јавило од непознат странски број, по што веднаш ја прекинало врската, јави Прес 24.
Веднаш била известена единицата за антитероризам при Министерството за внатрешни работи. Од полицијата зa Press24 ја потврдуваат информацијата и објаснуваат дека екипите веќе се на терен и ги пребаруваат аеродромомите, по што ќе се знае дали на навистина има експлозивна направа или пак станува збор за лажна тревога.
Дојавата доаѓа на еден ден пред изборите, откако претходно политчки партии најавија дека планираат со чартер летови да донесат гласачи кои живеат во дијаспората.