Бомба кашикара експлодирала во ноќниот клуб „Мистик“ во Скопје. Полицијата нема точна информација кога се случила експлозијата.
Министерството за внатрешни работи во четврток (12-ти јуни) соопшти дека во ноќниот клуб „Мистик” во Скопје во точно неутврдено време во периодот во изминатите два дена непознат сторител го искршил стаклото од вратата и фрлил рачна бомба кашикара. Во експлозијата бил уништен инвентарот во објектот.
Полицијата изврши увид на лице место и презема мерки за откривање на сторителот.