Шест лица, вклучувајќи тројца полицајци загинааа денес а 17 лица се повредени при експлозија на бомба во Каиро, во туристичкиот кварт Гиза, соопштија египетски безбедносни извори. Полицајците спроведувале рација во стан на осомничени екстремисти, кои во тој момент подготвувале бомба која детонирала.
„Полицијата имала информации дека членови на терористичката група Муслиманско братство подготвувале агресивни бомбашки напади во следните денови“, објави министерството за внатрешни работи на Египет.
Исламистите ги засилија нападите врз египетските војници и полицијата откако војската го симна од власт претседателот Мохамед Морси од Муслиманското братство во 2013 по масовните протести против него, пишува Ројтерс.