5 годишно дете и две жени починаа во студените води на Егејското Море


Петгодишно дете и две жени бегалци починаа денеска од последица на хипотермија на грчкиот остров Лезбос откако од Турција го преминале Егејот по многу ладно време, соопшти меѓународната федерација на Црвениот крст.

Tan2016-1-3_175314935_4-620x350

Тие се наоѓале меѓу повеќе од 800 бегалци, од кои многу биле сириски семејства, кои вчера стигнале на Лезбос со дваесет чамци по температура под нулата.

„Овие непотребни жртви се срамни, мораме да воспоставиме побезбедни начини луѓето да побегнат од конфликтот и сиромаштијата“, изјави директорот на Црвениот крст во Грција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1