Путин “најверојатно” го наредил убиството на Литвиненко – утврди истрагата во Британија


Убиството на поранешниот шпион, Александар Литвиненко во 2006-тата година, најверојатно било одобрено од рускиот Претседател, Владимир Путин, заклучи јавната истрага во Велика Британија.

Litvinenko-putin

Литвиненко почина на 43-годишна возраст во Лондон, 2006-тата година, неколку дена откако беше отруен со полониум 210, откако според претпоставките испил шолја чај.

Претседавачот на комисијата која ја водела истрагата, Сер Роберт Овен, изјави дека голема е веројатноста дека Путин го одобрил убиството по долготрајниот конфликт со Литвиненко.

Операцијата на ФСБ за убиство на г-дин Литвиненко најверојатно била наредена од тогашниот шеф на оваа агенција, Г-дин Патрушев и исто така од Претседателот Путин. Овие заклучоци за одговорноста на руската држава се базирани на доказите кои ги слушнав во текот на отворените и затворени седница на истрагата, изјави претседавачот на комисијата која ја водеше јавната истрага, судијата Роберт Овен.296255_litvinenko-ap_f

Марина Литвиненко, вдовицата на убиениот Александар Литвиненко, изрази големо задоволство од заклучокот, барајќи од британските власти веднаш да ги протераат сите руски агенти базирани во руската амбасада во Лондон.

Јас повикувам и на воведување на таргетирани економски санкции и забрани за патување против конкретни индивидуи, вклучувајќи го г-дин Патрушев и г-дин Путин. Синоќа примив писмо од секретарот за внатрешни работи, кој вети акција, оцени Марина Литвиненко, вдовицата на Александар Литвиненко.

За убиството на Литвиненко директно беа обвинети руските државјани, Андреј Луговој и Дмитри Ковтун.

Според судијата Роберт Овен тие дејствувале по наредба на директорот на руската разузнавачка агенција, Николај Патрушев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1