Бомба разнесе адвокат – експлозивната направа ја добил по пошта


Пензионираниот американски адвокат Џон Сетцер (74), е убиен во својот дом во Лебанон во Тенеси кога на домашната адреса му е испратена бомба, пишува Си-Ен-Ен.

bomba250Сетцер загинал на местото на настанот откако го отворил експлозивниот пакет, додека неговата 72-годишна сопруга Марион Сетцер, во критична состојба е пренесена во локална болница.

Експлозијата била толку силна што предизвикала кршење на прозорите и значително оштетување на неколлку соби во куќата.

Збунетите соседи не можат да сватат зошто некој на нивниот омилен сосед му испратил бомба.

Полицијата ги истражува мотивите за ова брутално убиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1