Бомба тешка еден тон пронајдена во центарот на Белград (Видео)


Работниците на градилиште на аголот од улиците Венизелосова и Будимска утрово пронајдоа неексплодирана бомба, тешка еден тон, која потекнува најверојатно од Втората светска војна.

bomba belgradВеднаш по доаѓањето на полиција тие се евакуирани заедно со станарите од соседната зграда, а увидот е во тек, јавува Блиц. Бомбата од еден тон е пронајдена на длабочина од околу 5 метри, па пристапот до неа е отежнат.

Во близина на градилиштето се наоѓа и бензинска пумпа, но според зборовите на станарите, пумпата не работи со месеци и во неа нема гориво, па нема опасност од експлозија.  Освен полицијата на самото место е и противпожарна екипа и Брза помош, како и припадници на Одделението за уништување на неексплодирани убојни средства.

Будимската улица е затворена за автомобили и пешаци додека трае демонтирањето на експлозивната направа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1