Пилотот на авионот кој се урна во Казан, имал лажна дозвола – Загинаа 52 лица


Руските истражувачи објавиле дека рускиот пилот Рустем Шаликов, кој пилотираше со авионот кој се урна на пистата во Казан, имал лажна дозвола за пилотирање, пишува AP.

rusija nesrekjaПилотот на Боинг 737 ја добил дозволата од мал центар за тренинг, а кој веднаш по несреќата бил затворен. И неговиот копилот ја добил дозволата од истиот центар. Откриле уште еден центар кој издавал такви дозволи, меѓутоа и тој бил затворен. Се знае дека пилотот немал соодветна обука за Боинг – а сомнителна и целата дозвола за пилотирање која ја има со оглед на фактот дека овие центри кои им ги издале дозволите, се затворени експресно и веќе не постојат.

Веднаш по несреќата се дозна и дека пилотот единствна обука за слетување од втор круг ја имал само на симулатор вежба и никогаш тоа не го извел во живо, а сега се дознава дека можеби и единствена обука за боингот ја имал само преку симулаторот.

Поради оваа истрага се дознало и дека не е единствен со лажна дозвола. Портпаролот на истражната комисија Владимир Маркин, изјавил дека неговиот тим верува дека неколку пилоти кои работат за мали регионални авиокомпании во Русија не се правилно обучени, односно поголем број од нив набавиле лажни дозволи за пилотирање во центрите овластени од страна на државната авијатичка агенција.

Патничкиот авион Боинг 737 се урна во рускиот град Казан, на 17. ноември оваа година. Во падот погинааа 52 лица. Авионот и припаѓал на регионална компанија од Татарстан.

Објавено ВИДЕО: Снимено било како се урива авионот во Русија – загинаа 50 лица
Зошто да живеам? – Во авионската несреќа руски коментатор ги изгуби сопругата и ќерката
Потврдено: Синот на претседателот и разузнавач меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1