Бомбашот од Бостон сам си пукал во грлото – нема да може да сведочи


Џохар Царнаев (19), осомничен за бомашкиот напад на 15-ти април на Бостонскиот маратон се наоѓа во болница и понатаму не е во состојба да говори, откако сам себе се ранил во грлото, изјавија американски официјални лица.

boston01apfoto-robert-ray_f-Осомничениот е во тешка, но стабилна ситуација, изјавил Девал Патрик, гувернер на Масачусетс, пренесува „Телеграф”.

Истражителите навеле дека Царнаев имал две сериозни рани и дека изгубил многу крв. Тие сметаат дека Џохар се обидел да се самоубие, откако полицијата во текот на потерата го открила неговото засолниште, односно дека раната е последица на обидот за самоубиство.

Според нив, Царнаев го ставил пиштолот во уста и испукал, пренесе телевизијата ЦБС. Според медиумите, Царнаев може да разбере што говорат луѓето околу него, но не и да комуницира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1