„Бомбата“ со прислушувањето нема да го потресе „Т-мобиле“ а би требало?


„Македонски телеком“ и „Т-мобиле Македонија“ преку заедничко соопштение информираа дека одобриле да се спроведе интерна истрага за прислушување и нарачано исклучување телефонски броеви. Пред повеќе од еден месец истрага за случајот, откриен со прислушуваните разговори што ги објавува СДСМ, побара „Дојче телеком“. Одлуката е донесена на вонреден состанок на компаниите во Македонија.t mobile

„Дојче телеком“ веќе е споменуван во афери за прислушување. Во 2011 година германските медиуми открија дека „Дојче телеком“ ги прислушувала сопствените вработени во Германија, со цел да открие кој им дава доверливи информации на новинарите. Кон крајот на 2014 година, во рамките на истрагата за прислушувањето на американската НСА во Германија, беше обелоденет сомнежот дека и „Дојче телеком“ ѝ овозможил на германската служба БНД пристап до податоците на своите клиенти.

Најголем удар за „Дојче телеком“ и на „Маѓар телеком“, сепак, беше процесот пред американскиот суд што го отвори Американската комисија за хартии од вредност, бидејќи компанијата котира на тамошната берза. Во овој процес телекомуникацискиот гигант беше обвинет за корупција и поткуп во Македонија и во Црна Гора. Процесот беше завршен спогодбено во 2011 година, откако „Дојче телеком“ се согласи да плати казна од 63,9 милиони долари.

Македонските мобилни оператори деновиве беа јавно прозивани да се изјаснат во врска со тврдењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека повеќе од 20.000 граѓани биле прислушувани.

По четиридневен молк, операторите „Т-мобиле“, „ВИП“ и „ОНЕ“ излегоа со став дека ја почитуваат приватноста на своите корисници и законите. Тие се повикаа на член 175 од Законот за електронски комуникации, според кој „операторите се должни да обезбедат и одржуваат средства за следење на комуникациите како и да воспостават телекомуникациска опрема за пренос до овластениот орган за следење комуникации согласно со Законот за следење на комуникации“. Овој член, како што објаснија експертите, практично ги обврзуваше телекомуникациските оператори да обезбедат соодветен интерфејс и да воспостават електронски комуникациски водови за пренос до овластениот орган за следење на комуникациите, но за тоа тие треба да имаат посебен налог.

„Слободен печат“

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1