„Бомби“ во „Титаник“: ВМРО ДПМНЕ барале начини како да стопираат гласачи


Барање начини како два авиони од Швајцарија да не слетаат навремено на охридскиот аеродром, бидејќи со нив ВМРО ДПМНЕ ценело дека доаѓаат луѓе за да гласаат во Кичево. Еден од предлозите што ги добива екс-минситерот за транспорт и врски Миле Јанакиески добива одговор од ТАВ дека најлесно било авионите да кружат над аеродромот. Се давале предлози – бавна да биде процедурата на симнување на патниците, сообраќајки на патот Охрид – Кичево. Ова се слушна од денешните презентирани телефонски разговори.

„Да направиме една сообраќајка пред Кичево, да се блокира патот? Сериозен сум за ова. Ете трактор нека се испреврти“, разговор меѓу вработен во МВР и Јанакиески.

„Нека се преврти камион натоварен со песок, такво нешто да се преврти, зашто овие ќе доаѓаат со коли“, му вели Јанкулоска на Јанакиески.

Откако ги слушна ваквите разговори Јанакиески не сакаше да коментира.

Јанакиески разговарајќи со Гуревски му кажува дека имаат повеќе од 100 телефонски центри што цело време се јавуваат и дека има опцијата за втор круг гласање во Центар, Јанакиески му предочува на Груевски дека ќе бидат за 600 гласа минус за разлика од СДСМ.

„Пушти абер кај нашиве што поише неважечки ливчиња да прават, и други финти, за да можеме после да се судиме“, му вели Груевски на Јанакиески.

Судењето за изборните нерегуларности продолжува в среда. Во меѓувреме сведочења во „Титаник 3“. Еден од сведоците кажа различен исказ во судот за разлика од тој во специјалното обвинителство. Обвинителот на СЈО Љубен Лапе се сомнева дека некој влијаел врз сведокот.

„Во однос на сведоците, беа јасни и гласни кажаа дека обвинетите коишто се во постапката ниту биле во контакт ниту било кој им вршел притисок. Самите сведоци кажаа дека немало закани од овие обвинети лица“, изјави адвокатот Мефаил Арслани.

За СЈО е спорен записникот од избирачко место во Чаир за време на локалните избори во 2013 години. Обвинети се Исмет Гури и Ејуп Аљими. Судењето продолжува точно за една недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1