Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата


Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а потоа изврши самоубиство.

„Ова е резултат на глобализацијата. На социјалните мрежи, на интернетот. Забележуваме дека е создадена една цела заедница. Сè почна со трагичните настани во училиштата во САД“, рече Путин на форумот во Сочи.

Тој додаде дека нестабилните млади луѓе создаваат лажни херои за себе.

„Ние не создаваме здрави (интернет) содржини за младите луѓе… што води кон такви трагедии“, рече Путин.

Властите на Крим ја истражуваат можноста дека напаѓачот на колеџот во Керч, кој уби 21 лице и рани 43, имал соучесник во нападот. Иако првично беше објавено дека студентот Владислав Рослјаков сам го извел нападот, властите веруваат дека можеби некој му помогнал во подготовката. Поради трагичниот настан, прогласена е тридневна жалост.

Рослјаков се прекачил преку оградата на колеџот пукајќи во студентите пред да се убие. Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не како тероризам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1