Бора Чорба хоспитализиран – Му се одземале нозете


Минатата недела Бора Чорба доживеал шок кога нозете му се одземале, односно не ги чувствувал, па завршил во болница. Pејачот на „Рибља Чорба“ имал проблеми со долниот дел од половината, затоа што му бил приклештен нерв, па поради тоа имал неподносливи болки поради кои бил хоспитализиран.bora corba

Бора на помош го повикал својот менаџер Гане Пецикоза, кој веднаш го одвел во болница каде му е дијагностицирана ишијалгија. Лекарот веднаш му препишал коктел инјекции, таблети против болки, со задолжителна терапија која подразбира масажа со ултразвук.

– Не знам како дојде до ова, само ме зболе во грбот и нозете. Трпам ужасни болки, но се надевам дека со помош на терапија и инјекции се брзо ќе мипомине, изјавил тој за „Скандал“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1