Бора Чорба со анплакд концерт во Скопје – „Чорба се слуша и без струја“


Бора Ѓорѓевиќ, алијас познатиот Бора Чорба, подготвува големо изненадување за своите обожаватели во Скопје. Имено, овој славен рокер за прв пат ќе одржи концерт во анплагд верзија, со наслов „Чорба се слуша и без струја“.

bora corba

 

Терминот е 14 март, во Универзална сала. Можете да замислите како звучат песните на „Рибља чорба“ (чиј фронтмен е Бора Чорба) во анплагд верзија и какво интимно музичко задоволство ќе биде тоа? Повеќе од сигурни сме дека Чорба ќе го донесе својот репертоар на најуникатен начин, заедно со својата сценска придружба од 15. музичари, од кои најголемиот број гудачи.

Концертното задоволство со Бора, ќе почне во 20.30 часот, в сабот на 14 март 2015, во Универзална сала. Билетите наскоро ќе бидат пуштени во продажба на касата на Унивезална сала, Розе Веро 2, Југотон и Камарад -Рамстор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1