Познатата босанска пејачка Дона Арес веќе извесно време се наоѓа во болница и се бори против ракот, но позитивните мисли и оптимизмот не ја напуштаат.
– Прва прошетка по 8 часа примање на првата хемотерапија. Се чувствувам одлично. Ги следам вашите пораки, но не стигнувам да се јавам. Рацете ми се зафатени поради боцкањето. Секоја чест на персоналот на центарот за онкологија во Сараево кои ми укажуваат големо внимание и грижа – напишала пејачката на својот профил на Фејсбук и објавила фотографија од својата болничка соба.