Српскиот актер и музичар Маринко Мажгаљ (37) веќе долго време води тешка борба со ракот на панкреас, а неговите соседи кои го гледале во прошетка околу белградската Арена откриле дека неговите родители го продале станот во тој крај, за да му го платат лекувањето во странство, пренесува „Блиц Плус“.
– Го гледавме Мажгаљ неколку пати и жал ни е што мора да кажеме дека изгледаше лошо. Многу беше ослабен и едвај го препознавме. Ќе излезе на прошетка а покрај него секогаш имаше по некој да му се најде, бидејќи беше многу слаб за да оди сам – изјавил еден од соседите.
Друг сосед на актерот открил дека неговите родители го продале станот за да го платат неговото лекување во странство. Актерот наводно не го сакал тоа, но сепак го продале и покрај неговата волја
Според неговите зборови Маринко не сакал да им биде на товар на родителите, ниту пак тие да трошат пари за скапо лекување.
Актерот неколку години беше во брак со српската актерка Дубравка Мијатовиќ (46) . Двојката ја има петгодишната ќерка Сара.