Борисов: Камионот со 39 беживотни тела не бил во Бугарија од 2017


Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во нашата земја од регистрацијата во 2017 година, изјави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Тој истакна дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата, пренесе агенцијата „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава за бугарската приватна телевизија БТВ.

„Камионот во 2017 година е регистриран во Бугарија од државјанка на Ирска. Потоа заминал од земјата и никогаш повторно не се вратил. Така што на ниту еден начин не можеме да бидеме поврзани, освен преку регистарските таблички на камионот“, истакна Борисов.

Во камион во британскиот град Есекс денеска беа пронајдени безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.

Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1