Борисов во Македонија: Жалиме за жртвите од холокаустот, такви грешки не смеат да се повторат


Нацистите кои биле тука направиле нечовечки нешта со живи човечки суштества. Се разбира, ние многу жалиме, и денеска сме тука, затоа што секој човечки живот секој кој бил пратен да изгори во логорите не треба да се заборави, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов на одбележувањето во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години.

– Денеска сме тука за да искажеме почит и тага кон убиените, но и да извлечеме заклучоци и да сфатиме дека на Балканот треба да градиме, да работиме заедно, да одиме кон подобро уредување и народите да ни живеат среќно, а сето тоа да остане во историјата, рече Борисов.

Потсети дека само пред 20 години на Балканот се одиграа не помалку сурови и крвави настани. Порача дека жртвите не треба да се заборават, а политичарите не смеат да дозволат да се направат повторно такви грешки.

– Ако, не дај Боже, повторно дозволиме слични настани, тогаш сме глупави. И ние, сегашните плитичари, имаме одговорност. Не сме ги заборавиле, слава им, и затоа дојдовме заедно со македонскиот народ да жалиме за тие што не успеале да се извлечат живи од нацистичката машина, рече Борисов.

Посочи дека во една од најголемите синагоги во Европа во Софија, било одржано одбележување со претставници од еврејската заедница и други гости, при што, како што наведе, „била искажана длабока почит кон бугарскиот народ, црква, интелектуалци и општественици кои во тие можеби најсурови времиња успеале да спасат 48.000 Евреи, и затоа бугарскиот народ заслужува голема почит“.

Борисов претходно учествуваше и Маршот на живите, во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години.

Маршот почна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол) од каде што во март 1943 година 7.144 македонски Евреи во три депортации со вагони беа однесени во логорот на смртта Треблинка.

Во поворката учествуваат и делегација од Владата предводена од премиерот Зоран Заев и заедно со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, кој денеска е во официјална посета на Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1