Босанец обвинет за воени злосторства уапсен во Бразил


Бразилските власти вчера го уапсија 47-годишниот Никола Чераниќ кого властите во БиХ го гонат од 1992 година за извршени воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија.www.avaz_.bastorage20160731thumbs579d9ebe-f288-4421-88b1-29570a0a0a64-nikola-ceranic-718x446-ffe12a731f7565bafb95f5f59fad26860f88be05-660x330

Бразилското федерално обвинителство соопшти дека Ќераниќ е уапсен во градот Индајатуба, на околу 45 километри северозападно од Сао Паоло.

Интерпол и бразилските власти немаат повеќе детали за злосторствата за кои е обвинет Ќераниќ, а засега не се знае ниту колку долго тој престојувал во Бразил.

Според бразилските закони, Врховниот суд одлучува за сите барања за екстрадиција. Засега не се знае кога судот ќе ја донесе одлуката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1