Многумина граѓаните на Босна и Хецеговина оваа година решија да ја исполнат својата граѓанска должност и да излезат на денешните избори, но наместо да гласаат за понудените кандидати, одлучиле да покажат духовитост.
Некои од нив допишувале имиња на „свои кандидати“, како што се на пример Шерлок Холмс, Ивица Осим или јапонскиот амбасадор во БиХ, Хидо Јамазаки, додека некои давале коментира за политичарите на кои дури и им оставале разни пораки.
Некои гласачи на духовит начин го искажале своето незадоволство порачувајќи дека само Шерлок Холмс може да се справи со криминалот во земјата.
На ливчињата се нашле и стихови од песните на популарните групи С.А.Р.С и Дубиоза Колетив.
„Вистината ни е црно-бела, а иднината сива…“, ја цитирал еден од гласачите песната „Перспектива“
Освен песни, имало и такви гласачи кои и на секој од кандидатите за членови на Претседателството на БиХ им допишувале некаква „карактеристика“, а еден гласач дури напишал порака до селекторот на боснаската фудбалска репрезантација на Сафет Сушиќ со барање да ја напушти сегашната позиција.