Дејан Вуковиќ (32) нарекуван Супер Беба, кој е од јуни минатата година е во затворот во Фоча и издржува казна од две години и шест месеци поради кражба на автомобил, за една година и два месеци минати во затвор ослабел 140 килограми.
Многумина кои го познаваат Вуковиќ оваа информација и неговиот нов изглед ги шокираше, особено поради тоа што е општо познато дека повеќето од затворениците во затвор се здебелуваат.
Дека Супер Беба ослабел 140 килограми, потврди и неговиот адвокат Омар Мехмедбашиќ.
– Вуковиќ поради прекумерената тежина имаше здравствени проблеми, а сега успеа, не знам на кој начин, да ослабне 140 килограми. Не беше на операција. Но, искрено, јас не сум навикнат да го гледам слаб, и веднаш штом ќе излезе на слободен викенд го носам на бурек – изјавил низ смеа неговиот адвокат.