Жители на Водно предупредуваат: Потпорните ѕидови пукаат, зградите ќе нè поклопат


Многу поттпорни ѕидови на улицата Славејко Арсов напукнуваат, велат граѓани кои биле на Отворениот ден во Општина Центар за своите проблеи се пожалија пред градоначалникот Андреј Жерновски.

Vodno-2

„Тие донесоа фотографии од потпорни ѕидови на улицата Славејко Арсов, од кои се гледа дека поради урбаната мафија и непланското градење, кое претходните општински раководства го аминуваа, потпорните зидови напукнуваат и  се уриваат, а граѓаните се плашат дека прашање на ден е кога ќе почнат да се уриваат и зградите. Надлежните од општината укажаа дека под итно ќе започне изградбата на атмосферска одводна канализација, за да може водата да се собира во цевки, за да не се поткопува улицата“, соопшти Општина Центар.

На Отворениот ден имало граѓани кои се жалеле и на нелогични одлуки – за зграда на осум ката претходни раководства одобриле само четири паркинг места, а некои посочиле на бројни проблеми со узурпација на простор. Имало жалби и за легализацијата, гласната музика од кафулињата, канализацијата…

Граѓани побарале помош и за случаи за денационализација, за кои рекле дека се чист криминал, но од градоначалникот и стручните служби им било укажано да се обратат до Министерството за финансии, бидејќи општината тука нема никаква надлежност, се дознава од соопштението.

Libertas.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1