Никола Тесла: Жените стануваат посилни од мажите и физички и ментално


Тесла во едно интервју изјавил дека жените кои му се допаѓале исчезнале, а ги замениле оние кои сметале дека во се треба да се изедначат со мажите.

Како што се наведува, Тесла најпрво истакнал дека жената е посупериорна во однос на мажот, но тоа било некогаш.

Како што навел научникот, супериорните жени исчезнале, а на нивно место се појавиле жени кои мислат дека нивни најголем успех во животот е тој “Колку повеќе да се изедначи со мажот”, во речиси сите можни активности.

nikola tesla

-Жените стануваат посилни од мажите, и физички и ментално. Светот искусил многу трагедии, но по мое мислење најголемата од сите трагедии е сегашната економска состојба, во која жените се натрпеваруваат со мажите, и во многу случаеви навистина успеваат да го заземат неговото место во одредени професии и индустрии. Оваа растечка тенденција представува знак за пропаѓање на цивилизацијата – изјавил Тесла.

Тој додал дека сите достигнувања на мажите биле инспирирани од жената, но жената наместо победник, станала жртва.

-Во нивниот живот нема задоволство. Амбициозни се, често преку своите природни спосбоности, сакаат да го постигнат она што го посакуваат. Жените често забораваат дека не можат сите да бидат примадони и филмски ѕвезди – изјавил Тесла.

Научникот истакнал дека токму поради тоа, нашата цивилизација ќе потоне, и ќе биде во состојба како кај инсектите – во која мажите безобзирно се убиваат. Во таа империја, ќе завладеат жените – навел во интервјуто Никола Тесла.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1