Платениот убиец на Ескобар пуштен на слобода по одлежани 22 години затвор


Платениот убиец на злогласниот наркобос Пабло Ескобар е ослободен по одлежаните 22 години затвор заради десетици убиства во текот на златниот период од трговијата со кокаин, во 80-те години на минатиот век

Џон Хаиро Веласкес, попознат по прекарот Попеј, вчера беше пуштен на слобода од добро чуваниот затвор Комбита во Колумбија, откако отслужи околу три петини од казната и поради одобреното намалување на казната заради добро однесување и образование во затворот.
27082014092757_Popeye.jpg_2118728439
Веласкес (52) беше главниот платен убиец на Ескобар во текот на најкрвавите денови на делувањето на злогласниот Меделински картел, што во САД и Европа испорачуваше кокаин вреден со милијарди долари.
На судењето овој „многу продуктивен“ убиец призна дека убил стотици непријатели на Ескобар во судирите меѓу бандите од подземјето, во борбите за територии или за заштитата на трговските патишта.
Веласкес, во низа интервјуа, во пресрет на предвременото пуштање на слобода, наведе дека „има 80 отсто шанси“ да биде убиен откако ќе биде пуштен од затвор.
Заради заканите од одмазада на ривалите од претходно сторените убиства, Веласкес најави дека размислува за селење во странство и продажба во Холивуд на правата за екранизација на својата автобиографија и „животот покрај Ескобар“.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1