Седумгодишно девојче од Скопје хоспитализирано со западнонилска треска


Седумгодишно девојче од Скопје со западнонилска треска во многу тешка состојба било хоспитализирано на Клиниката за детски болести.

Вирусот кај девојчето деновиве бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје.

320386_komarci-01-ifas.ufl.edu_fСпоред информациите на Здравство24 детето било каснато од инфициран комарец во Грција за време на одморот со родителите.

Извесно време по каснувањето седумгодишното девојче било малаксало и покачило температура. Вирусот западен нил кај детето предизвикал воспаление на мозокот.

Девојчето на Клиниката за детски болести во Скопје пред десетина дена било донесено во многу лоша состојба. Детето веднаш било примено на одделот за Интензивна нега. Од Клиниката информирале дека организмот на детето успешно реагирал на терапијата и после неколку дена состојбата почнала да се подобрува.

Седумгодишното девојче се наоѓа на одделот за Неврологија каде и понатаму е на антивирусна терапија и под постојан лекарски надзор.

Ова е втор увезен случај на Западнонилска треска годинава во Македонија. Пролетта од овој вирус заболел и младо момче додека престојувал во Германија. Успешно бил излекуван на Кликиката за инфективни болести во Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1