Бошкоски и неговиот адвокат своерачно потпишале дека немаат приговор на полициската постапка


Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски- Џанго, поранешен министер за внатрешни работи од СДСМ своерачно потпишале Записник во кој немале никаква забелешка на полициската постапка од страна на овластените лица.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска излезе со нов полититички конструиран случај по нарачака на опозицискиот лидер Зоран Заев. Документите и тврдењето на Љубе Бошкоски и неговиот адвокат, се спротивни на истрагата на СЈО за тортура при апсење на Бошкоски. Во документите стои дека нема видливи повреди и дека нема потреба од лекар и други забелешки.boskovski

-Во записникот за задржување на лице е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема заблеешки, а истиот своерачно го потпишале Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски, стои во официјалниот документ.

Од СЈО потврдија дека знаеле дека постои ваков документ и дека сите правила и процедури биле почитувани, но сепак политички одлучуваат да отворат предмет. Бошкоски беше приведен во полициска акција поради сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Кај него беа пронајдени стотина илјади евра и пиштол.

Тогаш во јавноста се појавија и видео материјали во кои Бошкоски со извесно лице, грчки државјанин се пазари околу името и договара дека доколку добие пари и поддршка во кампањата, ќе глуми патриот и после ќе го реши. Грчката влада била воодушевена од него. За Бошкоски Северна Македонија било оптимално решение и ќе го решел за два дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1